БЕСПЛАТНА ДОСТАВА *
* За нарачки над 980 ден – Низ цела Држава

Како да го зачуваме и унапредиме здравјето?

Како да го зачуваме и унапредиме здравјето?

Сите во текот на нашиот живот сме ја слушнале старата изрека: подобро да се спречи, отколку да се лечи. Скоро сите ќе се согласиме со оваа изрека. Но што навистина значи оваа изрека? Како можеме да ја спречиме болеста кога уште не е присутна?

Од година во година се повеќе луѓе страдаат и умираат од кариоваскуларни болести, канцер, автоимуни заболувања, респираторни болести, инфекции итн., а модерната медицина сеуште го нема одговорот на ова прашање – зошто толку заболувања, зошто толку страдање и смрт?

Медицината, фармацевтите и медицинските работници заталкани да го пронајдат лекот(магичната таблета), ја запоставија со векови старата пракса кои ,,таткото на модерната медицина ” Хипократ и античките исцелители ја користеле.

Тие во нивната пракса и нивните записи пишувале дека ја користеле моќта на природата за исцелување и за зачувување на здравјето, поточно ги користеле БИЛКИТЕ кои ги опкружувале.

Ги учеле луѓето да живеат во склоп со природата и лекот да го бараат таму. Античките исцелители обрнувале големо внимание на превентивата, всушност 90% се занимавале со тоа како да го зачуваат здравјето и да го унапредат.

Модерната наука само го потврдува фактот дека билките го јакнат имунолошкиот систем, го зацврстуваат телото, ја подобруваат виталноста и доведуваат до емоционален баланс. Сето ова го доведува организмот да биде поотпорен на надворешните фактори кои предизвикуваат да дојде до заболување.

Затоа вклучете ги билките во вашето секојдневие и гледајте како вашето здравје ќе се подобри.

Затоа и ја основавме MarHerbs со цел да обезбедиме квалитетни билни производи, да ја вратиме назад свеста кај модерниот човек дека неговото здравје е во негови раце и дека билките се нашето најдобро оружје против болестите.