БЕСПЛАТНА ДОСТАВА *
* За нарачки над 980 ден – Низ цела Држава

Слаб имунитет? 3 билки кои нудат решение

Слаб имунитет? 3 билки кои нудат решение

Најпрвин да видиме што е имунолшкиот систем и која фукнција ја врши во нашето тело.

Имунолошкиот систем е составен од комплексна мрежа од клетки, ткива и органи кој работат напорно за да одржат баланс во телото, штитејќи не од сите патогени кои го напаѓаат организмот, се врзува за сите штетни продукти во организмот и ги исфрла надвор.

Слабиот имнунитет доведува до чести настинки, алергиски реакции, недостаток на енергија, замор.

Денес се повеќе луѓе, бараат природни начини за подобрување здравјето и на имунолошкиот систем, од кои најмногу се користат билките. Во продолжение ќе ги погледнеме едни од најдобрите билки кои го подбруваат имунитетот.

 

  • Бозел: има моќно антиоксидативно дејство. Се користи за превенција и лечење на респираторни инфекции. Студиите покажуваат дека ја намалува сериозноста и времетраењето на симптомите од настинка и грип, горнореспираторни заболувања и ревматски заболувања. Истотака го забрзува метаболизмот и ги исфрла вишокот течности од организмот.
  • Лук: Голема студија во која луѓето земале секојдневно суплемент од лук во времетраеење од 12 недели, покажала дека го намалува бројот на настинка за 63%, за разлика од плацебо групата.1 Лукот го намалува холестролот и крвниот притисок и со неговото антиоксидативно дејство, може да превенира алцхајмерова болест и деменција.2 Помага и при детоксикација од тешки метали.3
  • Глуварче: Студиите покажуваат дека глуварчето има антимикробни и антивирусно дејство, кое му помага на телото да се справи полесно инфекциите.4 Друга студија покажа дека глуварчето ја намалува можноста на вирусите да се размножуваат. Содржи антиоксиданс бета-каротен кој ги штити клетките од оксидативен стрес.