Затоплувачки вкусно
Совршена напивка за зимските денови, која го загрева организмот.
Потребни намирници:
- Диши слободно чајна мешавина
- половина палец сецкан ѓумбир
- Мед
- Лимон
- Капки мајчина душица
Начин на припремање:
Во 1 литар превриена вода додадете го сецканиот ѓумбир и 1 супена лажица од чајната мешавина Диши слободно. Оставете го садот поклопен 15 минути и прецедете. Така подготвениот напиток сервирајте го во шоља за чај, оставете малку да олади и додадете 1 кафена лажичка мед, 20 капки мајчина душица и 1-2 парчиња сецкан лимон на кругови.
На здравје!