БЕСПЛАТНА ДОСТАВА *
* За нарачки над 980 ден – Низ цела Држава

Чај наспроти течен екстракт. Што е разликата?

Чај наспроти течен екстракт. Што е разликата?

Традиционaлната употреба на билните лекови се користи повеќе за смирување, проблеми со варењето, подобрување на имунитетот, но во последно време научните студии покажуваат дека билните лекови може да се користат и за посериозни заболувања.

Едни од најстарите методи за апликација на билните лекови е преку чаеви и течни екстракти.

Чајот е комбинација од билки и вода. Самиот чин на подготвување на чајот може да биде дел од процесот на лекување. Мирисот од билките додека ги ставате во чајникот и пиењето на чајот голтка по голтка пружа поголемо задоволство отколку некоја капсула и неколку капки од екстракт во вода. Водата со која се пдготвува чајот ги извлекува витамините и минералите од билките.

Течните екстракти се комбинација од билки и алкохол. Течните екстракти се поконцентрирани од чајот. 30 капки од течниот екстракт е еднакво на 1 шоља чај или 2 лажички сува билка. Течните екстракти содржат и повеќе активни компоненти, затоа што алкохолот кој е содржан извлекува повеќе компоненти од водата. За разлика од водата, алкохолот не ги извлекува витамините и минералите од билката.

За сите информации во врска со користење на производите, природната медицина и консултации можете да не побарате на +389/76/881-179, во порака или на меил: contact@marherbs.mk


		

LEAVE A COMMENT

Your email address will not be published. Required fields are marked *