БЕСПЛАТНА ДОСТАВА *
* За нарачки над 980 ден – Низ цела Држава

Кардиоваскуларни заболувања: причинители и заштита

Кардиоваскуларни заболувања: причинители и заштита

Кардиоваскуларните заболувања се водечки причинител за смрт во светот. Во 2019 година околу 18 милиони луѓе починале од кардиоваскуларни заболувања од кој 85% биле срцев или мозочен удар, а трендот на овие заболувања се зголемува.

Што се кардиоваскуларни болести?

– Кардиоваскуларните болести се група нарушувања на срцето и крвните садови од кои најчести се:

  • коронарна артериска болест – заболување на крвните садови кои го снабдуваат срцето со крв
  • цереброваскуларни заболувања – заболување на крвните садови кои ги снабдуваат мозокот со крв
  • периферна артериска болест – заболување на крвните садови кои ги снабдуваат рацете и нозете со крв
  • вродени срцеви заболувања – заболувања на срцето при раѓање
  • венска тромбоза и белодробна емболија – згрутчување на крвта во вените која може да премине на срцето и белите дробови.

– Кои се ризик фактори за кардиоваскуларни заболувања?

Несоодветна исхрана богата со заситени масти и шеќер, намалена физичка активност, пушење, прекумерно конзумирање на алкохол, висок крвен притисок, покачени нивоа на шеќер и холестерол во крвта, прекумерна тежина и гојазност.

– Како да го намалиме ризикот од кардиоваскуларни заболувања?

Со намалување на употребата на цигарите, конзумација на овошје и зеленчук, редовна физичка активност, умерено конзумирање на алкохол. Редовната конзумација на храна и билки богати со антиоксиданси, хипотензивно и хипохолестеролно дејство како што се: глог, лук, рузмарин, магдонос, ѓумбир, босилек можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

За сите информации во врска со користење на производите, природната медицина и консултации можете да не побарате на +389/76/881-179, во порака или на меил: contact@marherbs.mk

 

 

 

 

LEAVE A COMMENT

Your email address will not be published. Required fields are marked *