Депресија – победете ја на природен начин
Депресијата е заболување кое негативно влијае на чувствата, размислувањето и одлуките кои ги донесувате. За среќа ова заболување се лекува.
– Кои се симптомите на депресија?
- чувство на тага и лошо расположение
- чувство на безвредност и вина
- губење на задоволството на работите кои некогаш сте уживале да ги работите
- проблеми со спиењето и тешко заспивање
- нагло намалување или зголемување на телесната тежина
- слабост, намалена енергија, пребрзо заморување
- слаба концентрација, мисли на самоубиство и смрт
Овие симптоми варираат кај секоја личност и кај некои може да бидат поизразени.
Депресијата е присутна кај 1 од 15 луѓе или приближно 7%, а 1 од 6 луѓе или околу 17% се соочиле со депресија во текот на животот и повеќе е присутна кај женскиот пол.
– Кажи и фала ти и збогум на депресијата.
Депресијата обично настанува при поминување на некои негативни животни настани(загуби, недоволно финансиски средства, соочување со хронична болест итн).
Започнување на некое ново хоби, дружење и запознавање на луѓе кои имаат сличен поглед на светот како вашиот, физичка активност(почнување на некој спорт) можат да помогнат негативните мисли и чувства да се заборават и личноста да се ослободи од нив. Кантарион чај и кантарион капки со нивниот хемиски состав делуваат антидепресивно со што претставува уште едно природно и ефикасно оружје во борбата со депресијата.
За сите информации во врска со користење на производите, природната медицина и консултации можете да не побарате на +389/76/881-179, во порака или на меил: contact@marherbs.mk
LEAVE A COMMENT