ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Контролор:
Ул.
1000 Скопје
Република Северна Македонија
(во натамошниот текст „МАР ХЕРБС“)
Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготино (понатаму „Контролор“) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие или субјектите) при посета на интернет страницата www.marherbs.mk (понатаму: ”интернет страница”) и/или користење на услугата за веб продажба на МАР ХЕРБС. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за заштита на лични податоци.
1. Кои лични податоци ги собираме
При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при Вашата регистрација на интернет страница (креирање на Ваш профил), и користење на услугата за on-line купување (нарачување на производот и плаќање на истиот). Доколку преземате било кои од овие дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обрабатка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.
При Ваша Регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготиноги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• вашето име и презиме
• адреса
• телефонски број
• адреса на е-пошта
При користење на услугата On-line купување, Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготино ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• адреса , ЗИП/ поштенски број,град
• телефонски број
• адреса на е-пошта
Дополнително нашата интернет страна користи алатка „Колачиња“ со која врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник. Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согланост и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“.
ПОЛИТИКА НА КОРИСТЕЊЕ НА „КОЛАЧИЊА“ (COOKIES)
1. Што претставуваат „колачиња“(cookies)?
Колачињата(cookies) претставуваат мали текстуални датотеки(фајлови), кои се сметуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате на интернет. Овие датотеки можат да бидат прочитани од веб страниците кои ги посетувате и да придонесат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страната. Овие текстуалн датотеки можат да се идентификуваат како „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња(cookies) остануваат на Вашиот компјутер и откога ќе го исклучите интернет пребарувачот, за разлика од привремените кои се бришат кога ќе го затворите интернет пребарувачот. Колачињата(cookies) можат да се користат за повеќе цели, како на пример да се запомнат Вашите активности или преференции, а се со цел да се обезбеди персонализирана и приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже историјата на пребарување на истата.
2. Зошто користиме „колачиња“(cookies)?
На веб страницата www.marherbs.mk користиме колачиња(cookies) од следните причини:
• За подобро техничко функционирање на страната;
• За подобрување на корисничкото искуство;
• За оптимизирање и унапредување на фунционалноста на веб страницата;
• За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страната (големина на фонт, контраст на боја итн.)
• За да запомниме дали се согласувате(или не) со нашето користење на колачиња(cookies) на оваа веб страница;
• Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето претходно пребарување, како на пример IP адресата,
која содржина сте ја пребарале на нашата веб страница, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.
3. Каков вид на „колачиња“(cookies) користиме?
Веб страницата www.marherbs.mk користи трајни колачиња(cookies), кои го памтат пребарувањето кога корисникот ќе го исклучи интернет пребарувачот, се со цел да се задржи состојбата на корисникот.
4. Дали може да се избришат или контролираат „колачињата“(cookies)?
Информациите поврзани со колачињата(cookies) не се користат и не можат да се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на користење на овие колачиња(cookies) не е неопходно потребно за работа на нашата веб страница, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку не сте согласни со користењето на овие веб колачиња(cookies) истите може да ги избришете или блокирате, но во тој случај некои карактеристики на оваа веб страница можеби нема да работат правилно. Можете да ги избришете сите колачиња(cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од интернет пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потрба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога ја посетувате оваа веб страница, а исто така можно е да не работат некои услуги и функционалности.
5. Прифаќање на условите
Како корисник, Вие имате можност да дадете согласност за користење на колачиња(cookies) или да го одбиете истото. Со користење на колачињата(cookies) Вие се согласувате со Политиката за користење на колачиња(cookies). Вашето континуирано користење на оваа веб страница следејќи ги нејзините промени ќе се смета како да се согласувате со дадените промени. Кога за прв пат ќе пристапите на страната на www.marherbs.mk може да добиете порака која што Ве известува дека користиме колачиња(cookies). Со кликнување на „се согласувам“, со затворање на прозорецот за колачиња(cookies) или со продолжување на посета и користење на нашата веб страница Вие изјавувате дека сте ја разбрале и се согласувате со употребата на овие датотеки, како што се објаснети во оваа Политика за користење на колачиња(cookies), при што може да ги промените подесувањата во Вашиот интернет пребарувач за да го органичите или забраните колачињата(cookies).
2. Начин на собирање на личните податоци
Податоците при Вашата регистрација на интернет страницата и при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).
3. За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?
Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготино ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:
• овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;
• администрирање на содржината, и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
• за реализација на on-line нарачките достапни на интернет страницата www.marherbs.mk(навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)
• за контакт по пат на електронска пошта;
4. Начин на обработка на Вашите лични податоци
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.
Обработката на Вашите лични податоци Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготино ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Дополнитено, Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготино применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
6. Вашите права како субјекти на лични податоци
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:
• да се информирате од Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготино околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;
• да побарате од Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготино да ги дополни, измени и/или ажурира ако неговите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, при што Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготино треба да постапи по истото во рок од 15 дена и да изврши исправка на личните податоци;
• да побарате од Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготино да ја ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат;
• да побарате од Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготино да ги избрише Вашите лични податоци, при што Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготино има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
• да поднесете приговор до Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготино за начинот на обработката на Вашите лични податоци;
За остварување на овие права, може да не контактирате на:
Е-маил адреса:
Контакт телефон: +
или можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци:
Име и презиме: Филип Ѓоргов
Контакт телефон: +389/71-342-812
Е-маил адреса: filipgjorgov@gmail.com
7. Давање податоци на користење на трети лица
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.
8. Пренос на лични податоци во други држави
Компанија Ѓоргови ДООЕЛ Неготино не врши пренос на лични податоци во трети држави.
9. Промена на политиката на приватност од Контролорот
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
10. Датум на објава на Политика на приватност
13,01.2023 година
11.Датум на ажурирање 13.01.2023