БЕСПЛАТНА ДОСТАВА *
* За нарачки над 980 ден – Низ цела Држава

Рефус чај наспроти филтер кесичка – Што е подобро?

Рефус чај наспроти филтер кесичка – Што е подобро?

Рефусниот чај е поодржлив, има поголема свежина и подобар квалитет.

Чајот спакуван во филтер кесичките доаѓа од складишта и магацини. Потоа поминува низ интензивна индустриска преработка со кои се губат дел од активните компоненти и свежината на чајот. На крај кога ќе се спакува во кесички се транспортира за продажба.

За разлика од филтер кесичките, рефусниот чај не поминува низ индустриски преработки со што ја задржува свежината и голем дел од активните компоненти се зачувани. Ова е посебно важно за сите љубители на чај, затоа што рефусниот чај нуди подобар вкус и арома од кесичките, а особено е важно ако чајот се користи за медицински цели.

Друга предност која ја има рефусниот чај е тоа што самите можете да ја зголемите или намалите јачината на чајот, затоа што кесичките доаѓаат во стандардна количина. Истотака со рефусниот чај можете да си правите свои мешавини и да се добиете вкус кој е по ваша желба.

Затоа секогаш бирајте рефусен чај наспроти филтер кесички.

 

За сите информации во врска со користење на производите, природната медицина и консултации можете да не побарате на +389/76/881-179, во порака или на меил: contact@marherbs.mk

 

 

LEAVE A COMMENT

Your email address will not be published. Required fields are marked *